25/04/2024
Македонија

Колев: Нека започнеме реформа во администрација, но од врвот на пирамидата, а не од чистачките

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) испрати соопштение до медиумите, во кое се пренесува ставот на претседателот на ГДУ, Петар Колев.

„За промена на името на Македонија немаше потреба од консензус, власта си ја истурка работата сама, но за промена на изборниот модел, особено воведувањето на отворени листи и намалувањето на бројот на пратениците, министрите и советниците е тука треба консензус. Какво е ова политичко лицемерие?!

Последниот збор го имаат ГРАЃАНИТЕ!

Во следниот парламентарен состав, пратениците од ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКАТА УНИЈА -ГДУ, првите законски измени и амандмани кои ќе ги предложат ќе бидат во насока на намалување на бројот на пратеници, влада не поголема од 15 министри и ниту еден без ресор и намалување на бројот на советниците во општинските совети по модели на Словенија.

Нека започнеме реформа во администрација, но од врвот на пирамидата, а не од чистачките во институциите.“ – стои во соопштението.