15/10/2024
Македонија

Колев: Власта си најде самар за мавање

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија – ГДУ, Петар Колев, со свој став во врска со изречените пресуди за настаните од 27 април.

„По изречените пресуди за настаните од 27 април, по социjалните мрежи од порталите блиски до едниот или другиот табор, човек основно може да прочита две работи.

Ако се блиски до СДСМ, за нив правдата победила, ако се пак блиски до ДПМНЕ 211 години се дадени за патриотизам во Македонија.

Почитувани господа, да ве замолам да не ја потценувате нашата интелегенција, па не сите сме вработени на државно од ДПМНЕ или СДСМ и треба да се правиме наивни и да пумпаме емоции, согласно партиските списоци и наредби.

Да се разбереме, не е правда и не е правично ако ги осудиш на 211 години луѓе кои реализирале план, до кој немаше да се стигне ако некој не им наредеше или не им ги отвореше вратите, нели?! Додека наредбодавачот, доручкува гулаш и го гледа Дунав, вратарите ни ги отвараат НАТО портите, најдовте самар за мавање, нели?!

И уште нешто многу важно, господа „патриоти“, нема ништо ама буквално ништо патриотско во тоа со сталка или стол да му ја скршиш главата некому или да го претепаш до смрт во домот на демократијата, македонскиот законодавен дом. Тоа може да е примитивно, простачко, претерано, и има други синоними кои почнуваат на „П“ но тие сигурно не го опишуваат патриотизмот!“ – истакна Колев.