Колку се „грижиме“ за Националниот парк Галичица!?

Националниот парк ГАЛИЧИЦА е во наша непосредна близина и претставува неизмерно богатство што ни го подарила природата. Сите ние понекогаш со гордост го кажуваме тоа, обично кога им го презентираме на некои наши гости, пријатели, дојденци од земјава и странство. Но, да се запрашаме колку ние го посетуваме, колку го познаваме, колку сме придонеле за тој да остане природен симбол на нацијата, и на крајот колку се грижиме за него?!

Патролата од извидниците-ровери од нашиот извиднички одред ПИОНЕР при своите редовни обиколки на одредени делови од паркот, во саботата на 20.09.2014г. беше запрепастена од призорот кој што го затекна на еден крстопат од планинарски патеки. Имено, на местото, некои наши несовесни сограѓани дивеејќи ги испокршиле патоказните знаци и маркери за планинарските патеки. Со оглед на оваа затекната состојба го добиваме одговорот на тоа колку ние се грижиме за Националниот парк…

Извидниците патем се погрижија да ги вратат во првобитна состојба патоказните знаци и маркерите на патеки онолку колку што им дозволуваа моменталните услови и апелираат до надлежните во НП „Галичица“ дека И.О. ПИОНЕР им стои на располагање во било кое време да помогне околу уредувањето на инфраструктурата на паркот и грижата за истиот.

This slideshow requires JavaScript.

Зоран Костоски, Старешина на И.О. Пионер