Концерт на Ема Попивода и Александар Петров

Во рамките на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2018“, вечерва (12 април) со почеток во 22 часот во клубот „Станица 26“, ќе се одржи концерт на Ема Попивода – пијано и Александар Петров – тапан.

На концертот, кој е насловен „Акустик електроникс“, двајцата реномирани уметници ќе настапат со композиции од познати електронски хитови низ историјата на електронската музика – Kraftwerk, New order, Bronski beat, Derrick May, Frankie Knuckles, Prodigy, Orbital, Denny Tenaglia, DJ Rolando, Moby, Takasi Nakajima, The Knife, Layo & Bushwaka, The Shapeshifters…. Визуелизациите за концертот ги изработи Милан Тоциновски, а по концертот следува DJ set на Мирко Попов и Теа Шалдева. Меѓу поддржувачите на настанот е и Министерството за култура.