17/04/2024
Охрид

Концерт на Горан Трајковски на градскиот плоштад

Во рамките на програмата за одбележување на 1000 години- Охридска архиепископија, утревечер (24.05.2018 г.) на градскиот плоштад Свети Климент Охридски, со почеток во 20 часот и 30 минути, концерт ќе одржи Горан Трајковски со бенд од познати македонски музичари.

Горан Трајковски е еминентен македонски музичар кој позади себе го има кредото на фронтмен на групата Анастасија, потписниците на саундтракот за филмот Before the Rain на Милчо Манчевски. Свиојата музчка кариера за започнува со панк бендот Активен набој од Струга, а потоа и групата Сарацени заедно со Владимир Петровски Картер. Во 80-тите станува вокалист и на бендот Падот на Византија. Подоцна, по реоформувањето на култниот бенд Мизар, Трајковски станува и нивен фронтмен. Вклучен е и во најразлични соло проекти како автор на електронска музика, но и како композитор на филмска и театарска музика.