20/04/2024
Македонија

Концерт на камерното дуо Арјана Куриу-Груби и Блерим Груби во КИЦ Софија

Во рамките на програмата ќе бидат изведени композиции од Рудолф Марош, ТонинХарапи, Рамадан Сокољи, Умер Скендери, Десар Суљејмани, Тиш Даија, АлбертПапаристо, Томислав Зографски, Ваљтон Беќири, Рауф Доми и Генц Тукиќи.

Арјана Куриу-Груби дипломирала во 1994 година на Приштинската музичка академија, во класата на проф. Лејла Пула-Хаѓиу. Постдипломски студии завршила во Скопје вокласата на проф. Тодор Светиев, а од 1994 година е редовен професор по пијано наФакултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово.

Блерим Груби, пак, дипломирал во 1989 година на Факултетот за музичка уметност приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. ЉубомирГосподинов, под чие менторство ги завршил и постдипломските студии. Помагистрирањето се вработува во Македонската филхармонија. Груби работи и како професор на Државниот универзитет во Тетово и на Приштинскиот универзитет, солист е на Косовската филхармонија, гудачкото трио „Косова“ и ансамблот „Бахус – Скопје“.

Музичките уметници, пијанистката Арјана Куриу-Груби и виолистот Блерим Груби, досега реализирале повеќе заеднички настапи во Република Македонија и во странство.