28/03/2024
Македонија

Концерт во чест на 15-годишнината од беатификацијата на Мајка Тереза

По повод 15 години од беатификацијата на Мајка Тереза и 90 години од нејзиното заминување од родниот град, синоќа во Македонската филхармонија се одржа концерт на класична музика во чест на големата граѓанка на светот …

Majka_Tereza_1

Пред концертот, на кој под диригентската палка на Андреја Наунов настапија Бесиана Мехмеди – мецосопран, Славица Галиќ – сопран, специјалната гостинка од Франција Стејси Кинг и камерниот оркестар Балканика, од името на Министерството за култура, присутните ги поздрави портпаролката Нурџан Асановска.

„Дрона Гонџа Бојаџиу се роди овде, во нејзиното и наше Скопје. Од тука таа  зачекори низ животот и како Мајка Тереза го освои светот. Малата жена со големо срце, неверојатна волја и енергија, и со многу љубов за сите луѓе, целиот свој живот го посвети помагајќи им на другите, без разлика на нивната верска и национална припадност.

Majka_Tereza_2

 Овој концерт е само скромен придонес во зачувувањето на споменот за Мајка Тереза чии дела и по нејзиното заминување продолжија да бидат наша водилка низ животот “, рече Асановска.