19/04/2024
Охрид

Коњановска: Се остава впечаток дека поскапувањето на водата всушност ќе ги финансира новите вработувања во Водовод

Кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, денес одржа прес-конференција пред започнувањето на седницата на која ќе се носи буџетот на Општина Охрид за 2021 година.

„За наредната 2021 година испланиран е буџет од 685 милиони денари, буџет кој сметаме дека е нереално висок, особено ако се има во предвид дека минатата година ова време кога не знаевме што не очекува во 2020 беа испланирани помал износ од 652 милиони кој исто не успеавме да го реализираме и кој што со ребалансот беше намален на 548 милиони денари, што значи годинава во услови кога имаме прогласено кризна состојба до крајот на јуни 2021, кога е извесно дека проблемите нема да престанат ние планираме буџет за 2021 година кој е речиси 137 милиони денари повисок од оној кој реално сме го реализирале во 2020 и сметаме дека тоа е сосема неостварливо.

Морам уште еднаш да ја спомнам Одлуката со која се предлага на Јавното претпријатие „Водовод“ Советот да му даде согласност да ја зголеми цената на водата за пиење кон граѓаните и тоа да ја зголемува сукцесивно сите 3 наредни години. Ова Јавно претпријатие кое сите граѓани на Охрид знаат дека е пример за превработеност, кое успева да фактурира едвај 30% од водата во системот, кое се уште планира нови вработувања за наредната 2021 година и се остава впечаток дека покачувањето на цената всушност ќе ги финансира новите вработувања, а не големите капитални проекти на Јавното претпријатие. Ние очекуваме советниците едногласно да не му дадат согласност на Јавното претпријатие за ваквиот начин на работење.“ – истакна Коњановска.

https://youtu.be/K2N0wERI7a0