28/03/2024
Охрид

Конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (бр. 01-396/1) и Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот (бр.01-576/1) се распишува:

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА
”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2021 ГОДИНА

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 14-ти ноември 2021 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.

За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РСМ. Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2021 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.

За дополнителни информации:
Тел. 046/ 261 – 063
Е-адреса: centarzakultura_ohrid@yahoo.com

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид