23/04/2024
Охрид

Конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2017 година

Согласно член 9 став (1), (2), (3) и (5) од Статутот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (бр. 01-396/1) се распишува:

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА

„ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2017 ГОДИНА

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 25-ти ноември 2017 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.

За изборот односно наградата одлучува три члено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во четири шифрирани примероци на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2017 година”. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот, најдоцна до 25-ти декември 2017 година.

За дополнителни информации:

Тел. 046/ 261 – 063

Е-адреса: centarzakultura_ohrid@yahoo.com