25/04/2024
Охрид

Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон за 2018 година

Традиционално и оваа година Општина Охрид објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 28.12.2017 година.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди;
Прва – 10000денари
Втора – 6000денари
Трета – 4000денари

Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:

При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

————————————————————————————————————————-

П Р И Ј А В А
за Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2018 година

1.Име и презиме
2.Улица и број
3.Место
4.Контакт телефон
Охрид,
Подносител,

—————– 2017
———————