28/03/2024
Охрид

Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08),  Градоначалникот на Општина Охрид објавува

КОНКУРС
за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2018 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик.

  • Услови за доделување бесплатен курс

Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работa, a за курсот за полски јазик можат да се пријават и лица вработени во туристичкиот сектор со оглед на зголемениот број на туристи од Полска.

  • Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:

  1. Потврда дека е невработено лице;
  2. Пријава (преземи тука word doc.)
  3. Изјава за лични податоци; (преземи тука word doc.)
  4. Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма. (преземи тука word doc.)
  • Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид, ул. ,,Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на општина Охрид.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.