Константин Лушески го освои третото место на Скопје Опен Рапид Јуниор 2020

ШК Ласкер Охрид претставуван од Константин Лушески учествуваше на 17 и 18 Октомври 2020 на турнир во шах Скопје Опен Рапид Јуниор 2020, на кој учествуваа 48 млади шахисти од Македонија, Албанија, Србија и Косово.

Константин Лушески го освои третото место, бронзен медал, освојувајќи 6,5 поени од 9 партии.

ШК Ласкер Охрид финансиски е поддржан од Општина Охрид, Су Хотел Охрид, Сетекс Охрид и Рентакар Ескапе Охрид.

Повеќе информации: https://chess-results.com/tnr536659.aspx?lan=21&art=1&rd=9&flag=30