17/04/2024
Охрид

Контроли во угостителски објекти во Охрид, затекнати малолетници кои консумираат алкохол

Минатата ноќ од 23:00 до 03:00 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид.

Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави.


WebOhrid / 17.07.2022 / СВР Охрид