16/04/2024
МакедонијаСтруга

Кражба во куќа во Струга

ПС Струга поднесе кривична пријава против Т.Н.(28) од Струга, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 10.11.2017 година во куќа во Струга сопственост на И.А.(55), пријавениот со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба, од каде одзел телевизор, облека , мобилен телефон, ДВД, звучници, пари и злато со што била причинета материјална штета од 120.000 денари.