25/04/2024
Охрид

Кражба во просториите од поранешната фабрика „Отекс“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил во временскиот период од 22/23.06.2018 година во комплексот на поранешната фабрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната просторија во фабриката и по извршено пребарување во поранешните фабрички простории одзел 40 м² парапет-тавански алуминиумски профили.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Д.О. се стекнал со противправна имотна корист во износ од 120.000 денари.