23/04/2024
Охрид

KREF 2018-Меѓународниот филмски фестивал

На 28 и 29 септември 2018 во мултимедијалниот центар на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип беа додели наградите  на најдобрите ученици и ментори на Меѓународниот филмски фестивал “Креф 2018“ година, кој е акредитиран од страна на Министерството за образование и Министерството за култура на Република Србија. 

-“Креф“ е избор на најдобри детски филмови, на учители, наставници, и стручни соработници како и на родителите. Целта е активно вклучување на учениците во наставниот процеси развој на мултимедијалниот дискурс во воспитно образовниот процес, истакнаа еден од авторите, Весела Богдановиќ.Овогодишен “КРЕФ 2018“ финалист и презентер на првата вечер беша еден од најдобрите светски едукатори со многу награди и признанија, омилен помеѓу студентите ширум светот, затоа што  меѓу низа негови иновативни техники користи и креативност и игри за време на своите часови по биологија и хемија.Така беше најавен  Richard Spenser од “Middlesbrough College Billingham UK“ кој одржа оригиналан презентација на тема „Креативност во пренесување на знаење“ во кои ги прикажа своите искуства од часовите на мултимедијален пристап со музика и танц во совладување на некои наставни содржини.Професорот д-р Кирил Барбареев како директор на “Креф фестивалот“ се обрати истакнувајќи го значењето на филмот како средство за професионален развој и им честита на финалистите во сите категории поттикнувајќи ги и понатаму да бидат креативни и да прават уште многу едукативни филмови.Вториот ден продолжува со  прогласувањето на победниците од другите категории: едукативни филмови, детски игран филм и детски нагледен час.Шеесет ментори и ментори-асистенти и повеќе од 1.400 ученици во пет категории за деца од 6 до 18 години. Категориите за учество нудеа неколку различни форми за пренесување наставни содржини и цели, но имаа заедничка цел – да ја збогатат збирката на дигитални ресурси за поддршка на часови, за учење, размена на идеи и професионален развој на вработените во образованието.

Фестивалот трета година го организираат Весела Богдановиќ и наставникот Зоран Илиќ од Србија. Фестивалот се наоѓа на листата со акредитирани настани за професионален развој на вработените во образованието, одобрен и поддржан од страна на Министерството за образование и наука и технолошки развој на Србија и Министерството за култура на Србија.

Директор на фестивалот годинава е проректорот на УГД, проф д-р Кирил Барбареев. Гостин на фестивалот беше еден од најдобрите светски едукатори, проф. д-р Ричард Спенсер од Билингам, Велика Британија, предавач и финалист на КРЕФ, кој ја воодушеви публиката со танц и песни преку кои изведе предавање на неколку теми од молекуларна биологија, на начин разбирлив за секого.

Фестивалот за едукативни филмови КРЕФ ги избра најдобрите дела снимени минатата учебна година. Во повеќе категории добија награди филмови од Македонија и од Србија.

Во  категоријата „Млад модел учител – Ученик во улога на наставник“ детски филм-Новодојдената ученичка,авторот -ученик Сергеј Андрески  од ОУ-Кочо Рацин-Охрид под менторство  на наставничката Виолета Петковска беше одбран во 5 најдобри детски филмови на возраст до 10 години.

Подготви-Виолета Петковска