11/12/2025
Дебрца

Критични точки и поплавени делници во Дебрца – екипите на терен

Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на општина Дебрца се појавија повеќе критични точки и поплавени делници. Градоначалникот Златко Сиљаноски заедно со екипите на ЈКП Дебрца е на терен и ја следи состојбата.

„Вечерва сум на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следиме состојбата на критичните точки низ нашата општина. Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во ноќните часови работат на терен за санирање на последиците. Сè што е возможно од човечки фактор, механизација и логистика е ставено во функција за заштита на нашите населени места. Наша обврска е да реагираме брзо, организирано и ефикасно – и тоа го правиме. Ги молам граѓаните за разбирање и внимателност при движење низ нашата општина. Воедно, голема благодарност до сите работници кои неуморно се вложуваат во овие тешки услови.“ – изјави градоначалникот на општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

Општината останува во постојана готовност за справување со последиците од врнежите.