25/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓани поради „Ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(46) и Н.С.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 15.12.2020 година, пријавените на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишале коментари со кои поттикнувале омраза, дискриминација и насилство према група граѓани со што, ја загрозиле нивната безбедност и предизвикале чувство на страв.