25/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој крадел низ повеќе објекти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(34) од Струга за сторени три кривични дела „тешка кражба“, кривично дело „тешка кражба во обид“ и кривично дело „кражба“. Во периодот од 22.12.2018 до 25.12.2018 година на подрачје на Струга, во два деловни објекти, две амбуланти и куќа, пријавениот, со употреба на физичка сила ги отворал влезните врати, влегувал внатре и одзел парични средства, преносен компјутер, два монитори за компјутер, телевизор, алат и други предмети со што предизвикал материјална штета од 114.000 денари.