Кривична пријава за двајца охриѓани поради „тешка кражба во обид“ и „прикривање“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ и против Џ.М.( 62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,прикривање”. Во периодот од 23.09.2019 до 02.02.2020, С.Ѓ. на различни локации во Охрид, на ул.,,Железничка“, ул.,,АСНОМ“, ул.,,Галичица“, ул.,,Даме Груев“, ул.,,Богомилска“, со физичка сила влегувал во објектите и одзел различни предмети, додека второпријавениот по многу ниска цена купувал од предметите иако знаел дека потекнуваат од кривични дела.