Кривична пријава за двајца скопјани поради измама

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела ,,измама”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.

На 27 октомври оваа година околу 15,00 часот, на улицата „Марко Цепенков” во Охрид, пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2000 евра при што оштениот прифатил замена.

На 30.10.2018 година во 15.15 часот на улицата „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г.(77) од Охрид и на истиот начин за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2000 долари во замена за наводни златни предмети.

Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари.