29/03/2024
Струга

Кривична пријава за двајца стружани кои фалсификувале исправа за купопродажба на возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Враништа, струшко, за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа“ и против М.Р.(42) од село Долна Белица, струшко за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со “фалсификување на исправа“.

Првопријавениот, вработен во станица за технички преглед на возила ПСС–село Драслајца, набавил лажен договор за купопродажба на товарно моторно возило „Мерцедес вито“, како и лажна сообраќајна дозвола за истото, на кои како сопственик го навел Е.Р. татко на второпријавениот, по што истите ги употребил во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeорологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Второпријавениот, ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Струмица при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.