29/03/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица кои извршиле кражби во повеќе маркети во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Е. (52) од Скопје и В.Ц.(28) од Неготино. Кривичната пријава против Ш.Е. е дополнета и за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, бидејќи изготвил лажна лична карта со цел да го прикрие својот идентитет.

Пријавените, кражбите ги извршиле во периодот од 30 август до 15 септември 2019 година, во повеќе маркети лоцирани на улиците „7 ноември“, „15 корпус“, „Гоце Делчев“, „Абас Емин“, „Даме Груев“ во Охрид, каде, влегувале користејќи подесен алат и физичка сила.