29/03/2024
Македонија

Кривична пријава за две лица од Дебар поради предизвикување на општа опасност

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување на општа опасност“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Е.С. (48) од Дебар како и против С.К. (54) од Дебар, за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 14-ти септември оваа година, околу 14 часот, на улицата „206“ во Дебар, се случила средба меѓу сега пријавените. Тие се сретнале во близина на куќата на сега пријавениот С.К. пришто настанала меѓусебна жестока вербална расправија околу нерасчистени односи во врска со деловен објект. Притоа, С.К. од куќата извадил кујнски нож по што, Е.С. извадил огнено оружје – пиштол што го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум во воздух и го напуштил местото на настанот.

Тука, по овластување на Јавен обвинител, извршен е увид и притоа пронајдена е една чаура од испукан куршум калибар 9 милиметри. По извршено фотографирање и скицирање, чаурата е подигната и предадена на вештачење.