28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица од Кичево поради насилство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.П.(25) од Кичево и Ф.А. (29) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 16.02.2020 во обложувалница во Кичево, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале З.С.(48) од Кичево и му нанеле повреди.