28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица од Велестово поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(57) и В.Б.(58), двајцата од охридското село Велестово.

Пријавените во текот на 2021 година на катарстарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект.

По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање.

Пријавените, неовластено и незаконски ја отстраниле лентата по што продолжиле со градежните активности.