19/04/2024
Струга

Кривична пријава за две лица поради фалсификување на исправа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Џ.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и против А.М.(44) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот, како шпедитер набавил фалсификувана странска сообраќајна дозвола и фалсификувана царинска декларација за товарно возило „Фолксваген T4”. Потоа, во име на второпријавениот ваквата документација ја приложил во Бирото за метеорологија при Министерството за Економија-Скопје со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. После тоа, второпријавениот, целокупната документација ја приложил наведената дозвола и декларација при поднесување на барање за регистрација во Одделението за управни работи во Струга.