29/03/2024
Охрид

Кривична пријава две лица поврзани со пукањето на „Туристичка“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Г.М. (36) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против А.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање на сторител во извршено кривично дело”.

На 10.12.2017 година на бул. „Туристичка“, по кратка расправија која прераснала во тепачка помеѓу пријавените со С.М. (34), првопријавениот извадил пиштол и со еден истрел го погодил оштетениот со што му нанел тешки телесни повреди.