28/03/2024
Македонија

Кривична пријава за Ф.С. за убиството во скопската населба Аеродром

Секторот за внатрешни работи Скопје, денеска (17.11.) до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Ф.С. (25), од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Убиство“ предвидено и казниво по чл.123 од КЗ на РМ.

Имено, пријавениот се сомничи дека на почетокот на месецов, поточно на 03.11. во Скопје со повеќе истрели од огнено оружје го убил М.Ј. (28) од Скопје.