28/03/2024
Струга

Кривична пријава за навивачот кој нападна полицаец во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(21) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и “напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“. На 16.08.2020, во Струга, на ул„ Владо Малески“, на спортски терен при обезбедување на ракометен натпревар, полициски службеник од ОВР Струга, бил нападнат од Ѓ.Д. по што тој се дал во бегство, но потоа бил приведен во Полициската станица Струга.