28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(48) од Охрид, како и против Х.П.Т.(48) од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид.

Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 09.03.2020 своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“. При контрола извршена на 19.03.2020 година, полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18.03.2020 година е забележан како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга. Со тоа, пријавените ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.