24/04/2024
Македонија

Кривична пријава за незаконит лов

Денеска во периодот од 06.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи, Полициска станица Берово и претставник од ловното друштво “Дабевец” е спроведена акциска контрола за незаконит лов. При контролата, на место викано “Црвени брегови”, атар на Берово, Б.З.(67) е затекнат при вршење незаконит лов на тоа место за кое нема концесија, со ловечка пушка за која немал дозвола, со што сторил кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик.

По насоки на Јавен обвинител, оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот, против Б.З. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и за вршење незаконит лов од чл.228 од Кривичниот законик.