29/03/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била најдена дрога

СВР Охрид до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на 22.09.2020, полициските службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом во Охрид, била пронајдена марихуана.