20/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.П.(37) од Охрид.

По добиена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што, пронајденa e марихуана како и мешавина на марихуана со тутун, хашиш, амфетамин и кокаин.