28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој и се заканувал на неговата невенчана споруга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил на 25 април оваа година на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, движејќи се зад невенчаната сопруга и упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи и чувство на страв, вознемиреност и несигурност. Во еден момент, сега пријавениот А.Д. почнал и да ја влече за коса по што избегал од местото на настанот.