19/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој на Facebook објавувал статии со заканувачка содржина

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста“, отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид, поднесе кривична пријава против А.Н.(22) од Охрид. Тој, на 12 јуни оваа година околу 23 часот, преку профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, чиј администратор бил, објавувал статии со заканувачка содржина.