25/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој не ги почитувал мерките за самоизолација

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(57) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 24.09.2020 во Охрид, при контола од полициски службеници, пријавениот не бил затекнат во домот, со што постапил спротивно на Решението за задолжителна самоизолација.