23/04/2025
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој неовластено изградил објект за времено сместување во Рамне

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.К.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катастарска парцела во охридското село Рамне, без одобрение за градба, неовластено изградил објект за времено сместување кој спаѓа во градба од втора категорија, што било констатирано и при извршен вонреден инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор од општина Охрид.


WebOhrid / 14.04.2025 / СВР Охрид