28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој организирал семејна веселба со присуство на 20 гости

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.К.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 21.11.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека организирал семејна веселба со присуство на 20 гости. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот ковид-19.