25/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради говор на омраза

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 04.04.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија.