29/03/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради извршени тешки кражби во повеќе деловни објекти и куќи

Поради постоење основи на сомнение за вкупно сторени 13 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид.

Тој, казнените дела ги сторил во периодот јули-ноември оваа година во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети.

Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369 121 денари.