20/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради разбојништво во аптеки

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Охрид.

Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Тој, во периодот од 17 до 26.01.2020 , влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“ и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.