Кривична пријава за охриѓанец поради тешка кражба на дрзок начин
Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против лицето Г.П.(41) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба на дрзок начин” казниво по член 236 став 3 од Кривичниот Законик. Пријавениот на 12 август на улица „Булевар Македонски Просветители“ со намера да се стекнe со противправна имотна корист, на оштетената С.И. од Охрид од рака насилно и го отргнал најлонското ќесе во кое имало чанта со пари.