23/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанецот кај кого беше најдена дрога на ул. „Кеј Македонија“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 25.12.2018 на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, од полициски службеници, при извршен преглед на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.