28/03/2024
Струга

Кривична пријава за поранешен директор на ЈП Македонски Шуми – Јабланица Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривичноо дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“, криминалистичката полиција од полициската станица Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ж.Б. (48) од Вевчани.

Пријавениот, во текот на март 2015 година, во својство на директор на ЈП Македонски Шуми– ПШС Јабланица Струга, иако немал овластувања склучил преддоговор за деловно-техничка соработка со ДООЕЛ „Адалеа Пелет“ ДОО Струга, по што, на користење отстапил три објекти сопственост на јавното претпријатие, со клаузула за ослободување од закупнина за период од шест месеци. Според договорот, по истекот на тој период дополнително ќе бил договорен месечниот надомест, кој потоа воопшто не бил платен. На 03.04.2015 година, пријавениот склучил договор со ДООЕЛ „Адалеа Пелет“ ДОО Струга и извршил испорака на буково огревно дрво во вредност од 440.041 денари, без извршена уплата од страна на купувачот. На 16.02 2018 година, Управен одбор во подружница ШС Јабланица-Струга констатира кусок на средства и материјали,односно кусок на 793 м3 огревно буково дрво во паричен износ од 1.059.200,00 денари,со што пријавениот на ЈП Македонски шуми нанел штета во износ од 1.499.241 денари.