19/04/2024
Струга

Кривична пријава за поранешен директор на ОУ „Страшо Пинџур“ -Вевчани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга до Основното јавно обвинителство-Струга поднесе кривична пријава против М.К.(37) од Струга поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ на РМ.

Пријавениот во својство на директор на ОУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани спротивно на законските прописи и договорот склучен со „Просветно дело“ АД Скопје во период од 01.02.2016 година до 10.06.2016 година побарал од одделенските наставници да му ги предадат паричните средства собрани од учениците за списанија кои не ги уплатил на жиро-сметка на издавачот со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 24.920 денари.