29/03/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кај кого била најдена дрога

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.И.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 02.02.2021, полициски службеници од Полициската станица Струга извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.