25/04/2024
ОхридСтруга

Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Во текот на септември 2019 бил извршен претрес во апартман на ул.,,Гоце Делчев“, каде престојувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.