23/04/2024
Охрид

Кривична пријава за стружанец кој измамил жител на Подмоље

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.А.(59) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во почетокот на октомври 2020, пријавениот се договорил да направи кровна конструкција на помошна просторија од куќа во с.Подмоље, охридско, за што однапред му биле исплатени средствата од страна на С.Г. од с.Подмоље. По настаната расправија со нарачателот, пријавениот со целокупниот градежен материјал си заминал, без да ги врати парите на С.Г.